Поврзете се со нас

Свет

Јакимовски и Колорадо во лоша резултатска серија во НЦАА лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:x.com/CUBuffsMBB

Колорадо на Андреј Јакимовски влезе во лоша резултатска серија во НЦАА лигата, а потврда за тоа се четирите порази во низа.

Последниот дојде од универзитетот Вест Вирџинија (Западна Вирџинија) со резултат 78:70. Бафалос имаа лошо прво полувреме во кое му дозволија на противникот да отиде на пауза со двоцифрена предноста (40:29), па потоа беше тешко да се вратат во игра против составот кој е во подобар ритам од нив во изминатиов период.

Јакимовски доби најголемата минутажа од сите играчи на Колорадо, ама немаше свој ден, не реализираше ниту една тројка (0-3) и средбата ја заврши со 8 поени и 6 остварени скока.

Со учинок 9-6 Андреј и другарите се наоѓаат на 14. место во својата дивизија. Во наредната рунда го дочекуваат составот на Синсинати кој исто има четири порази во низа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни