Поврзете се со нас

НБА

Јакимовски ги воодушеви американските коментатори со својата тројка: Скопје, Македонија, Крива Паланка…. (Видео)

Објавено

на

Андреј Јакимовски повторно дојде до израз во својот Вашингтон Стејт и му помогнал на тимот да забележни нова победа, истата остварена по дополнително време со резултат 90:87.

Натпреварот од НЦАА лигата во Америка меѓу Вашингтон Стејт и Вашингтон бил решен откако немало победник во регуларниот дел, а еден од најдобрите реализатори за победничкиот тим бил токму македонскиот кошаркар.

Јакимовски го завршил натпреварот со 13 поени зад своето име и повторно се покажал како добар „снајперист“, бидејќи девет поени ги постигнал со шутеви за три.

Македонецот надополнил во триумфот и со 5 скока и 4 асистенции, но најголемо внимание привлекува неговата тројка од самиот крај на првиот дел, кога погодил со звукот на сирената.

Јакимовски ги импресионирал и коментаторите кои го пренесувале мечот, кои во објаснувањето на потеклото на Анреј ги споменуваат Македонија, Скопје и неговата родна Крива Паланка….

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни