Поврзете се со нас

Свет

Јакимовски двоцифрен против Аризона (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:x.com/CUBuffsMBB

Андреј Јакимовски имаше двоцифрен учинок за неговиот Колорадо во пресметката со Аризона во НЦАА лигата.

Македонскиот репрезентативец за 24 минути на паркетот постигна 10 поени (3/7 од игра) со 3 скока и 2 асистенции, но имаше дури 4 загубени топки. Популарните Бафалос ја продолжија лошата низа на резултати и го загубија и овој меч со 78:63.

Ова беше дури осми пораз во серија за Андреј и компанија кои се на претпоследното мество во својата дивизија со учинок 9-10.

На 29 јануари Колорадо ќе има нов меч со истиот овој противник на домашен терен што секако е можност за реванш и конечно враќање на победнички патеки.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни