Свет
Јакимовски достигна специјален јубилеј во Америка, Колорадо почна да пишува на македонски во негова чест (Фото)
Андреј Јакимовски стандардно е еден од најразиграните во тимот на Колорадо, а рано утрово македонскиот репрезентативец достигна специјален јубилеј во НЦАА лигата.
Пресметката меѓу Колорадо и УЦФ Најтс донела навистина тензија до самата завршница, но иако Јакимовски ќе жали што неговиот учинок не бил доволен за победа, сигурно ќе остане горд на бројките кои ги достигна.
Со 13-от постигнат поен на овој натпревар, Јакимовски стигна до бројката од 1000 постигнати поени во НЦАА лигата, па влезот во „клубот 1000“ експресно беше одбележан од неговиот клуб.
За да биде уште поинтересно, Колорадо почна да ги коментира добрите потези на Јакимовски користејќи македонски јазик, па при една тројка на Андреј го вметна и зборот „три“ во својата објава.
Инаку, Јакимовски го завршил мечот против УЦФ Најтс со 16 постигнати поени и шут од игра 6/8, но на крајот неговиот тим загубил тесно со 75:74.
1K DRE 🫡
with his 13th point tonight, @andrejjaki23 reaches 1,000 career points pic.twitter.com/pVgAlZIOrQ
— Colorado Men's Basketball (@CUBuffsMBB) January 9, 2025
Jak Три to start the 2nd half pic.twitter.com/MXTxUmc3GM
— Colorado Men's Basketball (@CUBuffsMBB) January 9, 2025
-
Англија11 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија17 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Шпанија18 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Македонија13 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација6 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија4 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Италија18 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
НБА16 часа
Морант со две лудории во низа донесе драматична победа за Мемфис (Видео)