Јаховиќ влезе во клинч со Шкртел, па влета и Демирел кој агресивно го нападна Македонецот (Видео)

adis-haos

Адис Јаховиќ имаше одлична асистенција на денешниот меч меѓу Фенербахче у неговиот Гезтепе, но исто така беше дел и од најконтроверзната и најжестоката ситуација на теренот.

Еден од соиграчите на Јаховиќ влезе во конфронтација со Шкртел, а потоа доби поддршка и од нашиот напаѓач кој влезе во клинч со стоперот на Фенербахче. На сето ова не остана рамнодушен ниту искусниот Волкан Демирел кој влета доста агресивно фаќајќи го за врат поранешниот репрезентативец на македонската фудбалска репрезентација.

Сето ова предизвика многу конфронтации и хаос на теренот во Истанбул, а на крај како позадоволни си заминаа домаќините кои славеа со 2:1.

Facebook Коментари