Поврзете се со нас

Свет

Јаховиќ се враќа во гол форма, со два погодоци донесе победа за Гезтепе (Видео)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Адис Јаховиќ полека, но сигурно ја враќа својата гол форма која го краси во текот на целата негова кариера.

Корпулентниот напаѓач вечерва постигна два погодоци во победата на неговиот Гезтепе над Газијантеп со 2:1.

Искусниот 35 годишен напаѓач ги постигна двата погодоци за својот тим и дефинитивно беше најзаслужниот што Гезтепе однесе победа од овој натпревар, победа со која фаќа ритам во битката за опстанок во елитата во Турција.

Прво во 39. минута Јаховиќ беше сигурен реализатор од пенал кој самиот го изнуди, а потоа во судиското продолжение од првото полувреме погоди и за 2:0. На крај конечниот резултат го постави Нијаз со гол постигнат во 61. минута.

Ова за Јаховиќ беше четврти сезонски погодок во турската Супер лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни