Јаховиќ распали по Ангеловски и ФФМ на социјалните мрежи: Сами покажувате какви луѓе сте, почестете се со моите пари (ФОТО)

adis

Македонскиот напаѓач, Адис Јаховиќ кој игра извонредна форма во оваа сезона во турскиот шампионат во дресот на Гезтепе распали на социјалните мрежи по селекторот Игор Ангеловски и Фудбалската федерација на Македонија.

Јаховиќ кој последен пат беше дел од националниот тим на средбите против Италија и Лихтенштајн во квалификациите за Мундијалот во Русија отворено праша зошто тој не ја добил премијата од 1500 евра која им била доделена на останатите играчи за тие два гореспоменати натпревари.

adis poraka

Тие два меча кои се одиграа во Торино и Струмица беа последни за Адис во националниот тим, на истите тој не доби шанса од Мрме по што реши да се повлече од репрезентацијата.

Facebook Коментари