Поврзете се со нас

Балкан

Јаховиќ погоди во македонската пресметка во Турција (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Адис Јаховиќ го постигна својот прв гол во дресот на Гезтепе по кам-бекот во оваа екипа, но тоа не беше доволно за славје против Кајзериспор на Даниел Аврамовски во првата лига на Турција.

Јаховиќ одлично се снајде на почетокот на вториот дел, поточно во 48 минута кога со еден мајсторски и одмерен удар успеа да израмни на 1-1, резултат што се покажа како конечен на оваа средба.

Напаѓачот беше активен до 79 минута, додека пак репрезентативецот Аврамовски ја одигра целата средба.

Гезтепе со 40 бода е на 10. место на табелата, Кајзериспор со 32 ја зазема 15. позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни