Поврзете се со нас

Репрезентација

Јаховиќ по враќањето во репрезентацијата: Што било поминало, сега ќе дадам се од себе

Објавено

на

Искусниот, 34 годишен напаѓач Адис Јаховиќ по подолг период се врати во репрезентативниот табор откако доби повик од новиот селектор, Благоја Милевски.

Фудбалерот на турски Гезтепе треба да го замени Горан Пандев во врвот на нападот и ќе има тешка задача да „влезе во копачките“ на досегашниот капитен кој долги години беше водач на нашата репрезентација.

Јаховиќ порача дека секогаш ќе го дава максимумот за репрезентацијата, а исто така истакна дека се радува што повторно е дел од селекцијата на Македонија.

– Пред два месеци разговаравме со селекторот за моето враќање во репрезентацијата. Нормално дека чувството е убаво, секогаш сум сакал да играм за репрезентацијата, но сепак таква беше ситуацијата. Што било поминало, не сакам да се навраќам во минатото.

– Ме радува повикот од новиот селектор и нормално е дека сум среќен што сум дел од репрезентацијата. Чувството е како и првиот пат кога бев повикан кога имав 26 години. Радосен сум, мило ми е што сум дел од една ваква квалитетна репрезентација.

– Ќе дадам се од себе за да постигнеме добри резултати. Се надевам дека сите ќе се вклопиме во тимот и заедно ќе донесеме добри резултати. Јас ќе дадам максимум на терен и треба да одиме од натпревар во натпревар, -изјави Јаховиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни