Јаховиќ на мајсторски начин постигна почесен гол за Малатија (Видео)

adis

Малатијаспор влезе во резултатска криза на крајот на 2019-та година, а во тој стил ја отвори и новата 2020-та година, откако ова попладне немаше одговор за офанзивната игра на Башакшехир.

Домаќините славеа со убедливи 4:1, а единствена позитивна вест беше тоа што македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ го постигна почесниот гол за својот тим. Поранешниот репрезентативец уште еднаш ја покажа својата напаѓачка интелигенција, па со мајсторија само го префрли голманот и ги постави конечните 4:1 во 63-та минута.

Facebook Коментари