Јаховиќ изнуди пенал, Ето реализираше, Коњаспор ги собра трите бода (Видео)

adis-konjaspor

Екипата на Коњаспор во јануарскиот преоден рок го ангажираше нашиот Адис Јаховиќ и искусниот Самуел Ето како тандем кој треба да ја подобри ефикасноста и да го спаси овој клуб од испаѓање од елитното друштво.

Таа инвестиција почна да се враќа, па денес Адис и Ето имаа значајна улога во гостинската победа над Аланијаспор од 2-1. Поранешниот македонски репрезентативец во првото полувреме изнуди пенал кој го реализираше Камерунецот за водство од 1-0.

Потоа Даглас израмни на 1-1, додека конечниот резултат го постави Шахинер во 40 минута.  Јаховиќ ги одигра сите 90 минута, а Коњаспор сега има 20 бодови, ама се уште е во зоната на екипите кои треба да ја напуштат првата лига.

Facebook Коментари