Јаховиќ имаше успешна операција, се враќа на терените за еден месец

jahovic

Македонскиот напаѓач имаше успешно деби за Анталијаспор, но на средбата против Денизлиспор на која даде гол и неговиот тим победи заработи повреда јаболчната коска на лицето.

Поради тоа мораше да оди на операција која мина како што треба и за брзо време ќе може да им се врати на обврските. Имено неговиот клуб информираше дека Адис за две недели ќе може да почне да трча, додека за другите активности, поточно челосно враќање ќе мора да почека 4 до 6 недели.

Адис и во оваа сезона е одличен во првата лига на Турција и со 12 голови е на 4 место на листата на стрелци.

Facebook Коментари