Јаховиќ имаше свој придонес во најбрзиот црвен картон во историјата на турскиот фудбал (Видео)

jahovic-golman

Со натпреварот меѓу Коњаспор и Малатијаспор беше затворено осмото коло во туската Суперлига, но истиот ќе остане запаметен и во фудбалската историја на оваа земја, бидејќи домашниот голман Серкан Киринтили заработи црвен картон по само 12 секунди игра.

Причинител за вакво сценарио беше и поранешниот македонски репрезентативец Адис Јаховиќ, кој со својот спринт го принуди голманот да ја фати топката со рака надвор од шеснаесетникот, што автоматски значење директен црвен картон и бизарно исклучување уште во првата минута.

Facebook Коментари