Јаховиќ го затресе и Фенербахче, сезоната ја заврши како трет стрелец (Видео)

adis-soigraci

Македонскиот напаѓач и член на Коњаспор, Адис Јаховиќ со нов гол ја заврши одличната сезона за него во најсилната фудбалска конкуренција во Турција.

Јаховиќ погоди на гостувањето во Истанбул на пресметката против Фенербахче која ја доби фаворитот со 3-2. Токму поранешниот македонски репрезентативец го постави конечниот резултат во 73 минута со што оваа кампања ја заврши со 19 постигнати погодоци што беше доволно за трето место на листата на стрелци зад Гомис од Галатасарај (29) и Јилмаз од Трабзонспор (23).

Коњаспор со 36 бода се пласираше на 15 место што е доволно и следната година да игра во елитната конкуренција.

Facebook Коментари