Јаховиќ го совлада Муслера, Галатасарај пресилен за Гезтепе (Видео)

jahovic

Адис Јаховиќ ја продолжи голгетерската серија во турското првенство, но неговиот Гезтепе не можеше да го изненади Галатасарај на тешкото гостување, на кое на клупата на домаќините дебитираше новиот тренер Фатих Терим.

Уште во 9. минута Гезтепе изнуди пенал, а Јаховиќ без проблеми го совлада Муслера за водство на гостите. Сепак избраниците на Терим до полувреме израмнија преку Родригез, а во вториот дел Озтекин и Маикон ги поставија конечните 3:1.

По 17. коло, Јаховиќ има 14 погодоци, а неговиот тим е на шестото место со шест бодови помалку од лидерот Басакшехир.

Facebook Коментари