Јаховиќ го имитираше судијата и стана хит на социјалните мрежи (Видео)

adis

Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ денеска стигна до четиринаесеттиот гол во турското првенство, но неговиот Гезтепе загуби на гостувањето кај Галатасарај.

Покрај голот од пенал, она со што се „прослави“ Јаховиќ е ситуацијата во која не доби прекршок како што очекуваше, па реши да го имитира судијата. Поради оваа реакција стана хит на социјалните мрежи, но да се надеваме дека нема да биде казнет.

Facebook Коментари