Јаховиќ донесе бод за Коњаспор (Видео)

adis vo trk

Адис Јаховиќ влезе во второто полувреме на дуелот меѓу Ризеспор и Коњаспор од турското фудбалско првенство, а тоа беше доволно да изнуди пенал и истиот да го реализира за конечни 1:1.

Ризеспор имаше предност уште од првиот дел, но на сцена стапи Јаховиќ кој се врати по суспензијата поради црвен картон, па во 82. минута го реализираше пеналот кој сам го заработи.

Коњаспор има 13 бодови по 9 натпревари, шест помалку од лидерот Галатасарај.

Facebook Коментари