Поврзете се со нас

Свет

Јагуриновски официјално му се приклучи на Алушовски во Тор

Објавено

на

Екипата на Тор Акурејри и официјално го претстави Томислав Јагуриновски како нивен нов член за оваа сезона.

Јагуриновски го напушти Вардар и замина на Исланд на барање на Стевче Алушовски кој пак претходно замина во оваа средина. Ова за Томи е прво интернационално искуство, но со оглед на тоа што крај себе ќе го има тренерот Алушовски кој добро ги познава неговите квалитети не би требало да има проблеми да се прилагоди на новата средина.

Десниот бек кој може по потреба да игра и десно крило досега во кариерата освен за Вардар и Металург (првиот и вториот тим) има играно и за Еурофарм Работник и Пелистер.

Томи се најде на списокот на селекторот Лазаров за престојната ЕХФ недела во која ќе одиграме две пријателски средби против Египет во Каиро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни