Поврзете се со нас

Светски првенства

Јагуриновски: Имавме јасна замисла во последниот напад, но…..

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Голем број македонски ракометари се запишаа во листата на стрелците и демонстрираа храброст на стартот на новата мундијалска авантура, а еден од нив беше и Томислав Јагуриновски кој го заврши воведниот меч со две реализации.

Македонија освои бод во пресметката со големиот фаворит Унгарија и тоа ќе биде силен потстрек за уште подобри изданија на Светското првенство, но севкупниот впечаток е дека нашите ракометари има и за што да жалат, бидејќи нашите момци на 30 секунди пред крајот имаа напад за плус два, односно победа.

Селекторот Кирил Лазаров по мечот посочи дека неискуството се покажало како пресудно во клучната акција, а за истата говореше и Јагуриновски кој го имаше завршниот потег во акцијата со многу додавања, која на крајот заврши со техничка грешка.

– Прво и основно, сакам да им честитам на моите соиграчи за прикажаното и борбената игра. Имавме јасна замисла во последниот напад, но работите малку се искомплцираа за нас. Јас го направив тој потег кој можеби е клучен што не освоивме два бода, но тоа е што е, одиме понатаму и се надеваме на уште два добри натпревари во групата.

– Не би се согласил дека ова е наш најдобар натпревар на голем турнир, игравме многу добро и против квалитетна Швајцарија на последното Европско првенство. Покажавме дека можеме и мислам дека на секој голем турнир ќе покажувме се повеќе, – изјави Јагуриновски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни