Јагањац откри зошто го „откачил“ Червар и потпишал за Нексе

Halil Jaganjac vs Dinamo

Хрватскиот репрезентативец Халил Јагањац официјално го напушти Металург и го засили Нексе, потег кој ја изненади хрватската ракометна јавност поради фактот што тој имаше одлична соработка со Лино Червар, но одлучи да го одбие ППД Загреб.

Токму Червар му даде шанса во вистински момент на Јагањац во Металург и му овозможи да го покаже својот потенцијал и во Лигата на шампионите, но одличниот ракометар се реши за ривалот на „плинарите“ од Нашице.

– Не сакам да се користи изразот „пукнато“ кога се зборува за односот со Лино Червар. Селекторот е тренерот за кој секогаш ќе имам почитување, тој во клучен момент ја препозна мојата подготвеност да се приклучам во професионалниот ракомет на највисоко ниво. Мене подолго време ми беше приоритет да се вратам во Хрватска, а точно е дека постоеја преговори со Загреб. Сепак, тука е и Нексе чиј претседател ме освои со пристапот и ставот и ме доби „на прва“. Важна улога играа и информациите кои ги добивав од другите ракометари за потенцијалот и атмосферата во клубот од Нашице, – потенцира Јагањац.

Facebook Коментари