Поврзете се со нас

Балкан

Ја промени клупската средина: Јаховиќ има нов клуб во Турција (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Адис Јаховиќ ќе продолжи да игра во Турција и во новата сезона со тоа што направи промена на клупската средина.

Тој во изминатиов период го тераше вториот „мандат“ во редовите на Гезтепе, приказна која сега е завршена затоа што напаѓачот се одлучи да се пресели во редовите на Бодрумспор.

Тоа е тим кој се натпреварува во втората лига, но и тим кој има амбиции да дојде до најсилната фудбалска конкуренција во Турција. Кога е во прашање Адис тој настапува во оваа земја од 2016 година и досега освен во споменатите клубови беше дел од Коњаспор, Јени Малатијаспор и Анталијаспор.

Во неговата биографија стои дека освен во Македонија има играно уште во Русија, БиХ, Украина, Хрватска и Швајцарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни