Ја одбрани титулата: Шпанија ја доби големата битка со Хрватска и останува на врвот на европскиот ракомет

makeda

Селекцијата на Шпанија е старо-новиот европски шампион и тоа откако славеше во вечерашната финална битка со Хрватска во Стокхолм.

Ова беше меч како што сите очекуваа, тежок, цврст, многу дуели и решеваа нијасни, но и квалитет кој дефинитивно беше на страната на „црвената фурија“. Двете селекции имаа свои моменти, па се влезе во неизвесна завршница во која Шпанците беа поскоцентрирани, ги реализираа шансите за конечно славје од 22-20.

Со ова тие ја одбраните титулата од пред две години која ја освоија во Хрватска.

Гомез со 5 голови беше прв стрелец кај победникот за кого голманот Де Варгас имаше 8 одбрани. Кај Хрватите прво име беше Дувњак со 5 погодоци од 9 обиди.

Да потсетиме, Македонија овој шампионат го заврши уште во групната фаза, односно на крајот го освоивме 15 место.

Facebook Коментари