Ја одбрани наградата: Штербик е најдобриот во Европа во изборот на ЕХФ

sterbik

Брилијантниот чувар на мрежата на Вардар, Арпад Шетрбик доби уште едно признание за своите партии, па тој сега е прогласен за играч на месецот во Европа.

Тој стандардно имаше супер партии и со тоа си овозможи да ја одбрани наградата, односно да биде број еден на стариот континет за ноември и декември.

-Да бидам искрен не очекував да бидам избран за ЕХФ играч на месецот во октомври и сега уште повеќе сум изненаден.  Во номеври имаше доста добри играчи и имавме тешки мечеви и не го очекував ова признание, -рече Арпад кој ја доби битката со Балагер (Нант), Геснхајмер (ПСЖ), Омејер (ПСЖ) и Борозан (Вардар).

Кај дамите позицијата број еден и припадна на Ивета Лузумова од Турингер.

Facebook Коментари