Поврзете се со нас

Франција

Ја донесе титулата во Лил, па ги шокираше сите: Време е да си одам

Објавено

на

Тренерот на Лил, Кристоф Галтие ја изненади француската јавност со последното интервју кое го даде за „Л’Екип“.

54 годишниот стратег кој направи сензација и стигна до титулата во Лига 1 со својот Лил најави дека ќе си замине од клубот, а откри дека тоа му го кажал и на претседателот, Оливие Летанг.

– Го информирав претседателот дека ќе си заминам. Убеден сум дека моето време овде е готово. Овој циклус од четири години беше доволно долг за мене како тренер. Откако одработив четири години почувствував дека е време да го напуштам овој прекрасен клуб. Заминувам од Лил со неверојатен резултат, а сега ми е потребно нешто друго. Не сакам мојот живот да биде само рутина, -изјави Галтие.

Интересно е тоа што по ваквата изјава иматео на Галтие веднаш беше поврзано со тимот на Наполи кој е во потрага по нов стратег по заминувањето на Џенаро Гатузо од клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни