Поврзете се со нас

Одбојка

Извршниот одбор донесе одлука: Одбојкарската сезона завршува без шампиони

Објавено

на

blank

Растот на бројки со новозаболени од коронавирусот ги нарушија сите прогнози за враќање на професионалниот спорт во нашата па земја, па по примерот на кошаркарската Федерација и фудбалската Федерација, идентична одлука донесоа и одбојкарите.

Извршниот одбор на Одбојкарската Федерација на Македонија пресече и процени дека нема никакви услови за доигрување на натпреварувачката сезона, а од објавеното соопштение, треба да се потенцира дека нема да има прогласување на шампиони во машка и во женска конкуренција.

Исто така, нема да има ниту испаѓање во понизок ранг, додека клубовите кои сакаат да бидат дел од европските натпреварувања, ќе бидат рангирани според табелата по одиграното последно коло.

Во двете натпреварувачки конкуренции, првите места ги заземаа тимовите на Вардар.

Поаѓајќи од највисокиот интерес за одбојкатa, прифаќајќи ја објективната состојба на населението на Република Северна Македонија во однос на заболувањето предизвикано од вирусот СОВИД-19, прогласена епидемија и вонредната состојба на цела територија на државата, водени од интересот за здравје и живот, како највисоки и доминантни цели над сите други, а имајќи ја предвид потребата од правна сигурност, Согласно член 26, член 29 од Статутот на ОФМ, член 13, член 14, член 15 и член 70 од Правилникот за натпреварување на ОФМ, како и член 6 и член 20 од Пропозиции за натпреварување на ОФМ, имајќи го во предвид и ставот на прволигашките екипи во машка и женска конкуренција од електронската седница одржана на 02.06.2020 година, Извршниот одбор на ОФМ и Комесарот за натпреварување на ОФМ, на електронската седница одржана на ден 07.06.2020 година, ја донесоа следната

О Д Л У К А
Се прекинува првенство за натпреварувачка сезона 2019/2020 година, во сите категории (мажи и жени), без прогласување на победници. За клубовите коишто имаат намера да се натпреваруваат во европските купови за натпреварувачка сезона 2020/2021 година, ќе важи пласманот на екипите на денот на прекинување на првествата. Доколку за следната натпреварувачка сезона 2020/2021, има клубови коишто имаат намера и желба да учствуваат и да се натпреваруаат во највисок натпреварувачки ранг, Извршниот одбор на ОФМ, по поднесување напријавите, ќе цени и ќе одлучува дали тие ги исполнуваат предвидените услови.
Горе наведените одлуки се донесени по последните препораки и забрани од страна на Министерството за здравство за превенција од коронавирусот, како и по препораките
на Светската здравствена организација за заштита на здравјето и безбедноста, коишто опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници, а особено имајќи ја во предвид моменталната состојба со епидемијата (бројот на зболените) во нашата држава и продолжување на вонредната
состојба. Оваа одлука влегува во сила на денот на објавување на огласна табла и на веб-страницата на ОФМ

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни