Поврзете се со нас

Италија

Извршниот директор на Сасуоло со коментар за можниот трансфер на Скамака во Арсенал: Има контакти

Објавено

на

Извршниот директор на Сасуоло, Џовани Карневали ги коментираше последните најави од Италија кои го поврзуваа напаѓачот на овој клуб, Џанлука Скамака со трансфер на островот.

23 годишниот офанзивец зад себе остава сосема солидна сезона по која го привлече вниманието на големите европски клубови кои сакаат да го видат во своите редови.

Меѓу тие клубови бил и Арсенал кој е во потрага по офанзивец откако остана без услугите на Пјер Емерик Обамејанг и Александре Лаказет.

Дека има разговори потврди и самиот Карневали, но притоа потенцираше дека во моментов нема ништо конкретно пристигнато на нивна адреса.

– Во моментов нема ништо конкретно за Скамака, има само одредени контакти од некои поголеми клубови. Секако дека тоа што играше за националниот тим го зголеми интересот за него, -изјави Карневали во интервју за „Скај Спорт“.

Инаку, неодамна во јавноста се појавија информации дека Арсенал испратил понуда за одличниот напаѓач во висина од 40 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни