Англија
Извршниот директор на Премиер лигата потврди до кога ќе трае оваа сезона и за кога се планира почетокот на идната
Фудбалерите во Премиер лигата полека се подготвуваат за рестартирањето на сезоната која беше прекината на 9 март поради пандемијата од коронавирусот.
На играчите им е дозволено да се вратат на тренинзи во помали групи, држејќи социјална дистанца, а потоа, околу седум дена подоцна ќе биде дозволено да се тренира и во групи, а ќе биде дозволен и контакт.
Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс потврди дека плановите се оваа сезона да заврши на крајот на јули, а следната да продолжи на крајот на август или почетокот на септември.
Штом сезоната во јули заврши, ќе се доиграат натпреварите од европските натпреварувања во Лигата на шампионите и Лига Европа, па дел од клубовите ќе немаат многу време за подготовка во пресрет на новата сезона.
– Може да дојдеме до точка кога следната сезона ќе биде тешка за закажување. Се уште не сме дојдени до тука.
– Враќањето во јуни, а завршувањето на сезоната во јули остава време за пауза за другите натпреварувања да бидат комплетирани, а почетокот на следната сезона да биде закажан за крајот на август или почетокот на септември, -изјави Ричард Мастерс.
-
Балканпред 14 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 4 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шпанијапред 5 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 18 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Италијапред 5 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 15 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик
-
Италијапред 17 часа
Наполи објави соопштение за случајот „Осимен“, но не му се извини на голгетерот