Формула 1
Извршниот директор на Формула 1 откри кога ќе се вратат трките и го најави новиот распоред
Пандемијата со коронавирусот ги одложи и трките во Формула 1 шампионатот . Во изминативе месеци се одложуваа доста трки, а последна од нив е трката за Големата Награда на Франција која требаше да се одвива викендот од 26 до 28 јуни.
Извршниот директор на Формула 1, Чеиз Кери сега посочи кога се очекува да започне сезоната во овој адреналински спорт.
Планот е да се започне на почетокот на јули, така што од јули до септември би се возеле трките ширум Европа, а потоа Формула 1 да се пресели на другите континенти.
– Целиме кон тоа трките во Европа да почнат на почетокот на јули и да траат и во август и септември. Првата трка треба да биде во Австрија викендот од 3. до 5. јули. Септември, октомври и ноември ќе бидат трките во Евроазија, Азија и Америка, а сезоната ќе финишира во декември во Бахреин пред традиционалното финале во Абу Даби. Очекуваме првите трки да бидат без навивачи, но се надеваме дека фановите ќе бидат дел од нашите настани како што ќе се движиме понатака во распоредот. Здравјето и безбедноста на сите инволвирани ќе биде прироитет, а ние сме убедени дека имаме соодветни процедури да ги анулираме тие ризици, -изјави Кери.
-
Шахпред 10 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Балканпред 23 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 10 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 8 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 15 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Светпред 13 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ
-
Италијапред 15 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки