Европски првенства
Извршена ждрепката за Евробаскетот: Словенија се најде во „групата на смртта“ како бранител на титулата (Фото)

Откако беше донесена одлука Европското кошаркарско првенство да се игра на секои четири години, денеска во Берлин беше извршена официјалната ждрепка за Евробаскетот кој е на програмата наредната година, а на кој ќе има четири земји домаќини.
Чешка, Италија, Грузија и Германија се четирите домаќини на турнирот кој наредната година ќе се игра од 1-ви до 18-ти септември, а бидејќи денешната ждрепка беше полудиригирана, овие репрезентации имаа право да го бираат првиот противник во своите групи.
Грузија ја избра Турција, Германија се одлучи за Литванија, Италија за Естонија, а Полска за Чешка, по што продолжи регуларното извлекување на четирите групи со сите останати земји учеснички.
Од тоа што беше извлечено, убедливо највозбудлива ќе биде групата Б која е означена како „група на смртта“, бидејќи во истрата се наоѓаат селекции како Германија, Литванија, Франција, Словенија, Унгарија и Босна и Херцеговина.
Словенија како актуелен бранител на титулата се најде во најтешката можна група, а цел на Словенците секако ќе бидат да бидат една од четирите најдобри селекции во групата со оглед на тоа што ќе се формира осминафинале со четирите најдобри од секоја група.
Шпанија како најдобро раниграната селекција во Европа се најде во групата А и ќе ги одмери силите со Грузија, Турција, Русија, Белгија и Бугарија, додека Србија која е еден од главните фаворити за трофејот, се најде во групата Д и треба да има лесна задача.
-
Францијапред 19 часа
Мајката на Мбапе со официјално соопштение: Имаме договор со Реал Мадрид, но имаме договор и со ПСЖ
-
Францијапред 18 часа
Јувентус пред значаен потпис: Нов договор за играчот по кој притиска Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 22 часа
Ридигер ја откри вистинската причина за неговото заминување од Челси
-
Италијапред 23 часа
Де Лаурентис сега ја отвора вратата на играчот на кого му уништи големи трансфери: Не можеме да го држиме со сила
-
Репрезентацијапред 18 часа
Лазаров го склопи составот за Медитеранските игри: Манасков повторно во репрезентацијата
-
Францијапред 17 часа
Познатиот новинар Ди Марцио со ексклузива: Мбапе е поблиску до останување во ПСЖ
-
Англијапред 21 час
Не е само Виера: Повозрасна госпоѓа удри играч на Кристал Палас (Видео)
-
Германијапред 23 часа
Халанд спискал половина милион евра на заминување од Борусија