Поврзете се со нас

Македонија

Извршена ждрепка: Вардар и Еурофарм Пелистер се избегнаа во полуфиналето во Купот

Објавено

на

Денешното извлекување во Куќата на ракометот ни ги донесе полуфиналните парови во Купот на Македонија, а интересно е тоа што двата главни фаворити за титулата се избегнаа во претпоследната фаза, што значи дека може да се паднат само во финалето.

Вардар и Еурофарм Пелистер водат битка за трофејот во домашното првенство, а претпоставките велат дека ќе ги одмерат силите и во финалето во Купот, освен ако не се случи некое поголемо изненадување.

Македонскиот првак во полуфиналето ќе ги одмерите силите со Металург, додека противник на битолчани во оваа фаза ќе биде тимот на Бутел кој има најмалку шанси за влез во финалето.

Секако, Еурофарм го доби најпосакуваниот противник во оваа рунда, а од друга страна, ќе гледаме големо скопско дерби во кое овојпат Вардар има улога на апсолутен фаворит.

Полуфиналните натпревари во Купот ќе се одиграат на 14-ти мај, а два дена подоцна ќе се игра финалето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни