Поврзете се со нас

Македонија

Извонреднот Адем со хет-трик го урна Борец, Шкупи е нов лидер по првиот пораз на Академија Пандев

Објавено

на

Со одиграните шест натпревари во Првата македонска фудбалска лига се комплетираше петтото коло, по кое имаме нов лидер на табелата во тимот предводен од Гоце Седлоски.

Шкупи го презема приматот на Академија Пандев која попладнево за првпат загуби во новата натпреварувачка сезона, додека чаирчани на домашен терен беа поуспешни од Скопје со убедливи 4:1.

Од натпреварите во главниот град, навистина возбудливо беше во Ѓорче Петров каде Македонија го победи Борец со 3:2, натпревар на кој сите пет гола беа постигнати од двајца играчи. Адем со хет-трик го урна Борец и се погрижи за победа од 3:2, учинок со кој ги неутрализираше двата погодоци на Трајкоски.

Академија Пандев поведе на гостувањето во Штип кај Брегалница со 0:1 во првиот дел, но во второто полувреме се случи комплетен пресврт. Ескиќ израмни на 1:1, „пандевци“ се вратија во водство со голот на Мирчевски, но Ѓокиќ и Алтипармаковски со гол во 93-та минута ги шокираа гостите од Струмица за славје од 3:2.

Шкупи на домашен терен беше сигурен против Скопје и победи со 4:1 за прво место на табелата, додека нов кикс забележа Шкендија која не победи и одигра 2:2 против Пелистер.

Тиквеш и Струга одиграа 1:1, а со идентичен резултат заврши и натпреварот кој стартуваше со мало задоцнување, оној меѓу Ренова и Работнички.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни