Поврзете се со нас

Европски првенства

Извлечени групите за ЕП: Албанија и Хрватска се најдоа во „групата на смртта“ (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/EURO2024

Како што беше најавено, 2-ри декември беше поставен како важен датум во градот Хамбург, каде вечерва се одржа официјалната ждрепка за групната фаза на Европското првенство.

Откако дознавме 21-патник на континенталниот собир во Германија, беше јасно дека ќе се врши извлекување пред да бидат одиграни баражите, па  трите потенцијални учесници беа сместени во групите Д, Е и Ф.

Германија како домаќин на турнирот се најде во групата А и помина прилично добро, бидејќи и покрај тоа што игра во ужасна форма, ќе влезе како фаворит во пресметките со Унгарија, Шкотска и Швајцарија.

Сепак, убедливо најтешката е групата Б која е означена како „група на смртта“, а во истата се најдоа Албанија и Хрватска. Носител во оваа група е Шпанија, а како селекција од четвртиот шешир беше избрана Италија.

Група А: Германија, Унгарија, Шкотска, Швајцарија
Група Б: Шпанија, Албанија, Хрватска, Италија
Група Ц: Англија, Данска, Словенија, Србија
Група Д: Франција, Австрија, Холандија, победник од плеј-оф лига А
Група Е: Белгија, Романија, Словачка, победник од плеј-оф лига Б
Група Ф: Португалија, Турција, Чешка, победник од плеј-оф лига Ц

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни