Поврзете се со нас

Македонија

Извлечени четвртфиналните двојки во Купот, ќе се игра дерби во Кратово

Објавено

на

Во македонската „Куќа на фудбалот“ ова попладне беа извлечени двојките за четвртфиналето во македонскиот Куп, по што стана јасно дека највозбудливо и најизрамнето ќе биде во Кратово.

Силекс ќе биде домаќин во дерби пресметката во четвртфиналето во најмасовното натпреварување, во која лидерот Шкендија ќе има задача да слави на гостински терен за да ги задржи живи шансите за „двојна круна“ оваа сезона.

Како што беше и во претходната рунда, поради згуснатиот распоред и кризата која ја предизвика коронавирусот, во Купот ќе се игра само по еден натпревар, што во превод значи дека тимовите нема да имаат поправна шанса.

Сите четвртфинални натпревари ќе се одиграат на 25-ти ноември, а покрај Силекс – Шкендија, силите ќе ги одмерат и следните тимови:

Академија Пандев – Шкупи

Струга – Ренова

Беласица – Македонија ЃП

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни