Поврзете се со нас

АТП

Извлечена ждрепката за Вимблдон: Ѓоковиќ и Надал го дознаа својот пат до финалето (Фото)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ влегува како прв носител и прв фаворит за титулата на Вимблдон, но трофејот оваа година му носи уште поголем притисок бидејќи Рафаел Надал славеше на последните два грен слем турнири и се издвои на вечната листа.

Српскиот тенисер ќе ја брка својата седма титула во Ол Ингланд Клубот, а ова претпладне се дозна и патот кој ќе го имаат тој и сите останати играчи на 135-то издание на најпрестижниот тениски турнир.

Ѓоковиќ ќе стартува на централниот терен против Кореецот Квон, па според ждребот, не би требало да има преголеми проблеми за да дојде до четвртфиналето на турнирот. Од носителите, таму го чека потенцијален дуел со Карлос Алкарас, а во полуфиналето спојува со Руд или Хуркач кој важи за специјалист на трева.

На спротивната страна од ждребот е Рафаел Надал, а Шпанецот својот пат на овогодинешниот Вимблдон ќе го започне со дуел против Серундоло. Ако се оди според планот, Рафа во четвртфиналето би вкрстил со Оже Алијасим, што во превод ќе значи реприза на четвртфиналето од Ролан Гарос.

По оваа рунда, проекцијата за фаворити вели дека Надал оди на Циципас или Беретини, кој е минатогодишен финалист на Вимблдон и двократен освојувач на Квинс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни