Поврзете се со нас

Лига Европа

Извлечена и втората ждрепка во Нион: Познат распоредот за завршниот турнир во Лига Европа (Фото)

Објавено

на

По извршената ждрепка во Лигата на шампионите, еден час подоцна во Нион се одржа и извлекувањето во Лига Европа, натпреварување чија завршница оваа сезона ќе биде во Германија.

Дизелдорф, Дуизбург, Гелзенкирхен и Келн ќе бидат домаќините на случувањата во второто по ранг натпреварување во Европа, чиј завршен турнир кој е наречен „фајнал-ејт“ како во Лигата на шампионите ќе се игра од 10-ти до 21-ви август.

Претходно, ќе се одиграат натпреварите од осминафиналето кои не се одиграа поради коронавирусот, со јасна напомене дека ќе се игра само по еден меч на неутрален терен, а термините се 5-ти и 6-ти август.

Четвртфиналињата ќе се играат на 10-ти и 11-ти август, полуфиналињата на 16-ти и 17-ти, додека големото финале кое е закажано на 21-ви август ќе се игра во Келн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни