Извежбана акција со почетниот удар: Негредо постигна водечки гол во финале по само 8 секунди! (Видео)

negerdo-radost

Ал Наср славеше во финалето на фудбалскиот Куп на Обединетите Арапски Емирати со 2:1 против Ал Ахли, но вест број еден од овој завршен меч е поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Валенсија, Алваро Негредо.

Шпанскиот напаѓач кој сега игра за Ал Наср се запиша во фудбалската историја на Обединетите Арапски Емирати, бидејќи го постигна најбрзиот гол во едно финале. На Негредо му беа потребни само осум секунди да се запише во листата на стрелците, а уште поинтересно е тоа што погодокот го постигна со извежбана акција со почетниот удар на мечот.

Facebook Коментари