Поврзете се со нас

Игри на среќа

Известување од Државна видеолотарија за платформата „2win.mk“

Објавено

на

Утринава преку соопштение за медиумите беше соопштено дека досега единствената легална платформа за игри на среќа „2win.mk“ ќе престане со прием на влогови.

Соопштението го пренесуваме во целост:

– Со Одлука на Владата, престанува правото за приредување на интернет игри на среќа на Државна Видеолотарија. Согласно оваа Одлука, Ве известуваме дека платформата 2win.mk мора да престане со прием на влогови во интернет игрите на среќа.

Ве информираме дека започнатите интернет игри на среќа ќе бидат обработени по нивното комплетирање, а евентуалните добивки ќе бидат исплатени.

Средствата од сметките за интернет игри на среќа ќе бидат исплатени во целост на регистрираните банкарски сметки на платформата, во законскиот рок.

По исплатата на средствата, платформата за интернет игри на среќа ќе остане достапна само со можност за увид во профилите и завршените игри и плаќања. Доколку имате невалидна банкарска сметка за исплата, ќе имате можност да доставите нова валидна банкарска сметка за комплетирање на исплатата.

Како прв легален приредувач на интернет игри на среќа, кој го започнал работењето согласно закон и во законскиот рок, платформата 2win.mk во изминатите 10 години целосно и без исклучок, ја почитуваше законската регулатива и уредбите на регулаторните тела.

2win.mk  ви се заблагодарува на укажаната доверба за изминативе 10 години. Веднаш по создавање на услови, платформата за интернет игри на среќа, 2win.mk ќе се врати во функција.

За сите прашања, тимот на 2win.mk  е достапен на контакт телефонските броеви и електронската пошта.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни