Поврзете се со нас

Репрезентација

Изов го соопшти списокот на фудбалерки за пресметката со Бугарија

Објавено

на

Женската македонска А репрезентација на 5. декември во Софија ќе го одигра натпреварот од 4. коло во Лигата на нации против селекцијата на Бугарија.

Предводникот на нашиот национален тим, Кирил Изов за овој дуел ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Ведрана Комненова (Скопје);

Одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје), Драгана Костова (Каменица Саса), Кристина Мојсоска (АС Јунајтед), Катерина Петкова (Истатов), Бојана Петкова (Љуботен), Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана);

Среден ред: Симона Мејер (Макаби Хадера, Израел), Радица Велкова (Тиверија), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Елена Петровска (Љуботен), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Оливера Цоклеска (АС Јунајтед);

Напад: Гентијана Рочи (Купс, Финска), Афродита Салихи (Скопје), Рабија Дервиши (Скопје), Кристина Петрушевска (Истатов), Радица Чонева (Истатов), Илза Максути (АС Јунајтед);

Натпреварот меѓу женските репрезентации на Бугарија и Македонија ќе се одигра на стадионот на Левски во Софија.

Собирот на нашата најдобра женска селекција е закажан за 3. декември во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни