Шпанија
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз

Чави Ернандес призна дека имал само една голема дилема за стартната постава пред големото „Ел Класико“ дерби на „Камп Ноу“, односно се двоумел дали од старт да го игра Серхи Роберто, или Франк Кеси.
Тренерот на Барса направи изненадување и реши да жртвува играч од нападот за да ја зацврсти средината, па на крајот во почетните 11 се најде Роберто, кој подоцна беше еден од јунаците во пресвртот против Реал.
Играчот кој е производ од фудбалската школа Ла Масија го постигна голот за 1:1 пред крајот на првиот дел и го најави враќањето на Барса, а интересно, Франк Кеси беше стрелец на голот за 2:1.
Најголемата дилема на Чави се покажа како добитна комбинација за „Ел Класико“ победа, по која Серхи Роберто испрати и порака до Лионел Меси кој вчера доби свирежи од гледалиштетот на „Паркот на принцовите“.
– Се надевам дека Меси ќе се врати во Барселона, ние го чекаме тука. Тој дефинитивно не го заслужува третманот кој го добива во Париз, – изјавил Серхи Роберто за програмата „Хихантес“ по победата од 2:1.
-
Англијапред 21 час
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 18 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
АТПпред 11 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 22 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 20 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 22 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 14 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)