Поврзете се со нас

Мото ГП

Изненадување во Австрија: Историска победа за Мартин и Прамак Дукати

Објавено

на

Трката за Големата награда на Штаерска ни донесе изненадувачки расплет на настаните, без оглед на тоа што Хорхе Мартин вчера беше најбрз и во квалификациите за денешната трка.

Младиот Шпанец оствари историска победа за себе и за својот тим Прамак Дукати, бидејќи ова беше прв триумф за него во „кралската класа“, а истото важи и за неговиот тим.

Мартин не се доконцентрираше и покрај прекинот на трката кој настана по два извозени круга, бидејќи и по рестартот го задржа страшниот ритам од квалификациите и успеа да заврши пред конкуренцијата.

Жоан Мир долго го следеше и беше блиску до него, но актуелниот првак се откажа во завршницата и не изврши притисок за да го нападне денешниот победник.

Пиедесталот го комплетираше актуелниот лидер во генералниот пласман, Фабио Квартараро, а четврти и пет беа Биндер и Накагами. Марк Маркез заврши само осми, додека Дани Педроса и покрај тоа што предизвика инцидент со пламени јазици на почетокот, заврши како 11-ти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни