Поврзете се со нас

НБА

Изненадување: Најлошиот тим во НБА лигата го победи лидерот на Западот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/DetroitPistons

Кошаркарата е возбудлива и непредвидлива игра, а рано утрово во тоа се уверија и разиграните играчи на Оклахома, кои како лидери на Западот претрпеа пораз од најслабиот тим во НБА лигата.

Детроит урива негативни рекорди оваа сезона и ја запиша само шестата победа против Оклахома, но со ова издание покажа дека и невозможното може да стане возможно.

Клучна за Пистонси беше втората четвртина во која успеаја да постигнат 46 поени, па повеќе од јасно е дека ова беше најдобриот период на Детроит од стартот на сезоната.

Токму таа разлика се покажа како одлучувачка за победата од 120:106, која е само шеста за Детроит од стартот на оваа натпреварувачка сезона во Америка.

И покрај поразот, Гилџес Александер беше најдобар играч на паркетот со 31 поен во редовите на Оклахома, а кај Детроит утрово доминираше тимската игра и дури шест играчи постигнаа двоцифрен број на поени.

НБА резултати:

Детроит – Оклахома 120:104
Индијана – Мемфис 116:110
Атланта – Торонто 126:125
Орландо – Феникс 113:98
Портланд – Чикаго 96:104

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни