Поврзете се со нас

Англија

Изненадување на „Портман Роуд“: Ипсвич му зема мерка на Челси (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/IpswichTown

Фудбалерите на Ипсвич направија големо изненадување и славеа над Челси со 2-0 во вечерашниот натпревар што се одигра на „Портман Роуд“.

Иако многумина очекуваа соодветен одговор од „сините“ по ремито со Евертон и поразот од Фулам, денешниот резултат е потврда дека избраниците на Мареска влегоа во мини криза која и оддалечи дури десет бода од лидерот Ливерпул.

Домаќините поведоа во 12 минута преку еден дискутабилен пенал направен над Делап, ударо од 11 метри кој потоа беше искоритен од некогашниот напаѓач на Манчестер Сити. Во 24 минута Челси дојде до погодок, но со помош на ВАР беше утврдено дека Жоао Феликс бил во недозволена офсајд ситуација.

На стартот на вториот дел Делап асистираше, а Хатчинсон стрелаше за зголемување на водството што на крајот се покажа како повеќе од доволно за обезбедување на трите бода.

Ипсвич со 15 бода е на 18 место, Челси со 35 е на 4 позиција.

Инаку во истиот термин Астон Вила и Брајтон одиграа без победник 2-2.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни