Серена Вилијамс елиминирана уште во првото коло на Мастерсот во Мајами

osaka1

Надежната тенисерка од Јапонија, Наоми Осака приреди изненадување на на Мастерс турнирот во Мајами. Таа со одлична игра уште во 1.коло со резултат од 2:0 (6-3, 6-2) успеа да ја елиминира американската тенисерка Серена Вилијамс во меч кој траеше 1 час и 20 минути.

Вилијамс претходно настапи на Индијан Велс и во третото коло доживеа пораз од од нејзината сестра Венус. Очигледно дека потребно е уште време да помине за да се врати Серена  во стратата форма.

Покрај Јапонката, во второто коло се пласираше и Белорусинката Викторија Азаренка, која успеа да направу успешен камбек по тешката повреда на раката.

Facebook Коментари