Изненадување на денот: Норвежанецот Линдвик „лебдеше“ над скокалницата и го израмни рекордот на Гармиш (Видео)

marius-skoka

Традиционалната турнеја „Четири скокалници“ стартуваше со победа на бранителот на титулата Риоју Кобајаши кој беше најдобар во Оберстдорф, но денеска на старотот на новата 2020-та година, неговата доминација барем за момент ја прекина норвешкиот ски-скокач Мариус Линдвик.

Норвежанецот направи големо изненадување во Гармиш Партенкирхен, не само поради победата, туку и поради фактот што го израмни најдобриот скок во историјата на оваа скокалница. Мариус во првиот обид имаше скок од 143,5 метри, што е израмнување на рекордот кој досега самостојно го држеше легендарниот Симон Аман. Во втората серија од денешниот настап, Линдвик прескокна 136 метри, што беше доволно да го осигура првото место.

Денеска на пиедесталот се најдоа уште Гајгер и Кубацки, додека Кобајаши заврши на четвртото место. Турнејата сега се сели во Австрија каде Кобајаши влегува како лидер во генералниот пласман, но целата разврска ќе биде позната по скокалниците во Инсбрук и Бишофсхофен.

Facebook Коментари