Поврзете се со нас

Шпанија

Изненадувачко соопштение од Реал: Белингем отпадна во последен час за дерби пресметката на „Бернабеу“

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти вчера потврди дека нема да може да смета на Кепа Аризабалага и на Арда Ѓулер поради повредите кои ги стекнале во изминатите неколку дена, но Италијанецот тврдеше дека Џуд Белингем тренирал нормално и дека ќе биде стартер против Валенсија.

Сепак, на неколку часа пред дерби дуелот со Валенсија, дошло до влошување на состојбата со рамото и Англичанецот почувствувал нестабилност, порадишто тој отпадна од списокот на Анчелоти и нема да игра вечерва на „Сантијаго Бернабеу“.

Белингем се повреди на малото дерби против Рајо Валјекано и правеше пауза на натпреварот против Брага во Лигата на шампионите, па иако беше проценето дека против Валенсија ќе може да игра, сепак на крајот нема да излезе на мегдан против „лилјаците“.

Во негово отсуство, за очекување е Карло да го повтори репецтот од пред неколку дена, односно неговото место во стартната постава да го пополни Брахим Дијаз.

Кога се во прашање играчите кои отсуствуваа, Анчелот на овој меч нема да може да смета и на Антонио Ридигер поради суспензија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни