Англија
Изненадувачкиот стартер на последните два меча на Јунајтед: Ако клубот побараше да си заминам, без проблеми ќе го направев тоа
Кристијан Ериксен не се изнаигра на крајот на минатата сезона и се жалеше за својот статус во првиот тим, па иако се очекуваше да направи трансфер ова лето, искусниот Данец остана опција плус на „Олд Трафорд“.
Ериксен ја започна новата сезона без минутажа и се доби впечаток дека Ерик Тен Хаг не смета на него, но тоа се промени на последните два меча во кои Кристијан беше стартер, но на кои постигна и два гола.
По доброто издание против Саутемптон, Ериксен доби континуитет и запиша два гола и асистенција против Барнсли, по што самиот реши да откри во каква атмосфера го минал ова лето.
Играчот за врска не презел никаква иницијатива и чекал момент во кој ќе му биде соопштено најлошото, но на крајот излезе дека ќе ја доработи последната година од договорот со „ѓаволите“.
– Ако клубот побараше од мене да си заминам, без проблеми ќе го направев тоа. Но, цело лето не слушав такво нешто од никој. Мене ми е многу добро во Манчестер и тука сум за да му подадам рака на тимот секогаш кога ќе затреба, – изјави Ериксен.
-
Евролига22 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Италија24 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете
-
Лига на нации14 часа
Димитриевски: Верувам дека нема да примам гол, со победа…
-
Балкан15 часа
Капитенот на Задар скокнал во море за да спаси давеник
-
Лига на нации10 часа
Митровиќ со супер гол ја запечати победата на Србија, Шпанија во финишот ја „скрши“ Данска (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Иниеста за тврдењата дека е навивач на Реал: Кажани се работи…
-
Шпанија18 часа
Барселона се уште исполнува финансиски обврски кон Меси, Алба и Бускетс
-
Англија21 час
Кукурелја: Англиските судии ме казнуваат за она што се случи на ЕП