Изненадувачкиот чекор заокружен со спектакл: Кагава доживеа нереална промоција во Шпанија (Видео)

kagava-fudbal

Шинџи Кагава направи еден навистина неочекуван чекор откако реши да ја прифати понудата на Сарагоса, а откако и дефинитивно го комплетираше сензационалниот трансфер, искусниот јапонски фудбалер денеска доживеа нереална промоција во актуелниот шпански второлигаш.

Одговорните луѓе на Сарагоса се погрижија за незаборавен и автентичен пречек, па така играчот кој беше најавен како вистинска „бомба“ од управата доби посебен третман, односно беше претставен со јапонски тапани, традиционални носии од неговата родна земја, а на крајот и промовиран на „Ла Ромареда“ пред 6.000 фанови на трибините.

Поранешниот напаѓач на Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед пристигна во Сарагоса како слободен агент, а за почеток, се обврза на едногодишен договор со клубот.

Facebook Коментари