Поврзете се со нас

Италија

Изненадувачка вест: Мората го напушта Милан и се сели на неочекувана дестинација

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Алваро Мората пред само шест месеци направи трансфер во Милан и се врати во земјата од која имаше убави спомени, но по само половина година минато во градот на модата, шпанскиот напаѓач е пред разделба со „росонерите“.

Како што пренесуваат угледните шпански медиуми „Марка“ и „АС“, капитенот на репрезентацијата е во напредни преговори за раскин на договорот со Милан, а истовремено во завршна фаза од операцијата со Галатасарај.

Последните информации велат дека Мората ќе се пресели во турскиот фудбал и ќе го засили големиот великан од Истанбул, клуб кој веќе во своите редови има играчи како Мертенс, Осимен и Икарди.

Мората беше доведен во Милан по директно барање на Пауло Фонсека со кога Шпанецот имаше фантастичен однос, но како што стојат работите, искусниот напаѓач очигледно не е во плановите на новиот тренер Сержо Консеисао.

Алваро вчера беше повлечен на полувреме на мечот против Динамо во Загреб, а како што стојат работите, тоа ќе биде и последниот настап за него во дресот на Милан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни