Изненадувачка победа за Пешевски и Штургарт, Муркуловски и Вецлар ремизираа со „лавовите“ од Манхајм

zare vo duel

Жарко Пешевски е единствениот македонски ракометар кој вечерва со својата екипа се радуваше на победа во Бундеслига.

Составот на Штутгарт важеше за апсолутен аутсајдер на гостувањето кај Мелсунген, но битката се добива на теренот, а таму Жаре и компанија беа потивирани, борбени и го надиграа домаќинот со 26-21 што за нив е голема победа во битката за опстанок во елитата.

Македонскиот пикер имаше слаб учинок, упати само еден удар кон противничкиот гол и истиот не заврши на посакуваното место.

Вецлар и Филип Миркуловски одиграа без победник против Рајн Некар Левен (27-27), дуел кој популарниот Жути го заврши со 1 гол и 3 асистенции.

Филип Талески пак даде еден гол од 5 обиди, а неговиот Балинген загуби од Ерланген со 32-27.

Facebook Коментари