Излезе видео од големиот скандал во Турција: Арда Туран навистина се појавил со пиштол во болница

arda-berkaj

Арда Туран по враќањето во родната земја повеќе се истакнува со глупостите кои ги прави на теренот, но и надвор од него, но дефинитивно, последниот испад кој го направи поранешниот играч на Барселона ги надмина сите граници, бидејќи неговото излегување во ноќен бар се претвори во вистински скандал.

Турскиот репрезентативец го нападнал познатиот пејач од оваа земја, Беркај и всушност му го скршил носот при конфликтот во познатиот ноќен клуб во Истанбул, а иако за причините за големиот инцидент се појавуваат разни гласини, едно е сигурно, а тоа е фактот дека Арда навистина пристигнал во болницата со пиштол во себе.

Туран бил свесен за глупоста која ја направил и заминал во болницата да му се извини на Беркај, а според информациите, побарал од неговата сопруга да го убие со револверот кој тој го внесол во болницата.

Во првото видео се гледаат деталите од расправијата пред ноќниот клуб, додека во второто јасно се гледа дека Арда влегува во болницата со пиштол.

Facebook Коментари